Раководството на Милан сака значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а италијанските медиуми ја открија главната трансфер цел на „росонерите“.
Милан веќе го договори бразилскиот талент Пакета, работи на трансферот на Ибрахимовиќ, но Леонардо сака да донесе и едно големо засилување во средниот ред.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот директор Газидис работи на трансферот на Арон Рамзи, но Велшанецот би требало да пристигне на лето како слободен агент. Поради тоа главна цел во зимскиот преоден рок е Леандро Паредес.
Аргентинскиот репрезентативец е означен како идеален наследник на Биглиа и Милан веќе остварил контакт со неговите агенти.
Паредес иснистира да се врати во Италија и веќе му кажал ДА на Милан, но проблем е Зенит кој за неговата слобода бара 35 милиони евра. Меѓутоа, Леонардо ќе се обиде набрзо да постигне договор со рускиот клуб за плаќање на трансферот на повеќе рати.
#Milan, subito #Paredes poi #Ramsey https://t.co/SPS0UyJcH0 pic.twitter.com/3PLUShSd3y
— calciomercato.com (@cmdotcom) November 8, 2018