Дома Фудбал Англија Откриена вистинската причина: Еве зошто Мурињо му ја одзеде капитенската лента на Погба!

Откриена вистинската причина: Еве зошто Мурињо му ја одзеде капитенската лента на Погба!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо престанал да смета на Пол Погба како на втор капитен на тимот, бидејќи Французинот јасно признал дека сака да се пресели во Барселона, тврди „Дејли Мејл“.

На почетокот на сезоната Погба беше капитен на три меча при отсуството на првиот капитен Валенсија. Синоќа после елиминацијата од Лига купот, Португалецот потврди дека Погба нема повеќе да ја носи капитенската лента, без да ја посочи причината.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Најпрво се мислеше дека тоа е поради фактот што Францизинот јавно ја критикуваше тактиката на „Специјалниот“. Меѓутоа, медиумите откриваат дека Погба пред Мурињо изјавил дека сака да го напушти „Олд Трафорд“ и да се пресели во Барселона.

Поради тоа, Мурињо смета дека не може лидер на тимот да биде играч кој настојува да биде продаден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бруно Фернандеш откри што треба да направи Манчестер Јунајтед за да го задржи

Капитенот на „црвените ѓаволи“ Бруно Фернандеш откри што очекува од клубот за да биде убед…