Бројни европски медиуми денес објавија информации дека во соблекувалната на ПСЖ после поразот од Реал Мадрид дошлои до физичка пресметка помеѓу Нејмар и Донарума.
Медиумите пишуваа дека соиграчите ги раздвојувале, а после се огласи и Нејмар кој истакна големо разочарување поради она што се пишува. Тој јавно ја објави пораката со Донарума и истакна.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Апсолутна лага! Не сме се степале после натпреварот“, напиша нејмар на неговиот Инстаграм профил.
Во пораката која Донарума му ја пишал на Нејмар стои:
„Жал ми е поради вчера. Оваа вест е неприфатлива“, Нејмар му одговара:
„Смири се. Ова се случува во фудбалот. Екипа сме и се држиме заедно. Се уште си млад ќе освоиш многу трофеи. Одиме понатаму“.
Neymar shares his private WhatsApp talk with Gigio Donnarumma to deny rumours of fights in the dressing room. 📲⛔️ #PSG
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 10, 2022
“It’s absolutely fake – we had no fight after the game”, Neymar added on Instagram.
The story has been denied even on Donnarumma side. pic.twitter.com/JoiAgaLPRd