Дома Топ вести Осуден терорист кој планирал бомбашки напад на „Ел Класико“

Осуден терорист кој планирал бомбашки напад на „Ел Класико“

Џихадист од Исламска држава планирал да изврши бомбашки напад со дрон на стадионот „Ноу Камп“ за време на големото шпанско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид.

 За среќа терористот бил фатен од полицијата, и е експресно осуден на три години затвор, пренесува „Франс прес“.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Имено, џихадист од Исламска држава пред две години планирал да изврши напад на „Камп Ноу“ со дрон полн со експлозив. Неговиот план не се остварил затоа што првенството беше прекинато од март до јуни.

Во судските документи не е наведено на кој датум требало да се изврши чинот. Тогаш шпанското првенство беше суспендирано поради пандемијата.

За да не биде откриен од полицијата тој ја затворил својата сметка на социјалната мрежа на 23 април, но повторно отвори друга со поинаков идентитет и се обучувал за контрола на дрон преку видео упатства.

Планот бил дронот однадвор да долета и да експлодира кога ќе влезе на најголемиот стадион во Европа. За среќа  таквата трагедија е избегната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шпанците убедени: Рашфорд веќе покажува дека ќе биде големо засилување за Барселона!

Маркус Рашфорд веќе навестува дека ќе биде значајно засилување во Барселона. Иако е учесни…