Дома Фудбал Репрезентации Османи вети награда: Ако ја победите Португалија сите ќе добиете дипломатски пасоши!

Османи вети награда: Ако ја победите Португалија сите ќе добиете дипломатски пасоши!

Денес од министерот Османи дипломатски пасоши добија селекторот Благоја Милевски и репрезентативците Александар Трајковски и Енис Барди, а Османи најави награда за цела репрезентација ако ја победат Португалија.

Османи вети дека сите членови на македонската репрезентација ќе добијат дипломатски пасоши ако ја победат Португалија и се пласираат на Светското првенство.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Ако победат против Португалија сите членови на репрезентацијата ќе добијат дипломатски пасоши“, порача Османи.

Македонија бараж натпреварот против Португалија го игра во вторник од 20:45 часот.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Македонија со нов дрес ќе игра против Данска! (Фото)

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) информира дека, по истекот на договорот со досе…