Дома Фудбал Италија Осимен става потпис на нов договор

Осимен става потпис на нов договор

Напаѓачот на Наполи и најдобар стрелец во Серија А, Виктор Осимен е на добар пат да го продолжи договорот со италијанскиот шампион.

Осимен блесна оваа сезона и со своите настапи му донесе Скудетото на Наполи, но и интерес од многу европски гиганти.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Наполи не сакаше да слушне за продажба за сума под 150 милиони евра и веднаш се обиде да го „блиндира“ со нов договор.

Последните информации од Апенините се дека двете страни постигнале договор за продолжување на соработката.

Осимен ќе стави потпис на нов договор до 2027 година и ќе добие значително зголемување на платата па по сезона ќе заработува 6,5 милиони евра плус бонуси.

Тоа значи дека Осимен следната сезона сигурно останува во Наполи во обид да ја одбрани шампионската титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хаос во Црна Гора: Хулигани нападнале хрватски навивачи, им го искршиле комбето! (Фото)

Хрватски навивачи кои синоќа беа на пат кон Црна Гора, каде што нивната фудбалска репрезен…