Дома Македонски спорт Мак фудбал Општина Тетово му одговори на ФК Тетекс зошто не можат да го користат Градскиот стадион

Општина Тетово му одговори на ФК Тетекс зошто не можат да го користат Градскиот стадион

ФК Тетекс вчера објави соопштение со кое реагираше на забрана на користење на двата фудбалски стадиони во Тетово за ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен.

Од Општина Тетово денес одговорија дека и тие знаат дека постои услов за користење на теренот само кога се во Првата македондка лига.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Општина Тетово отсекогаш постапувала транспарентно и одговорно кога бил во прашање соживотот меѓу заедниците. Во оваа насока, реакцијата на двата фудбалски клуба во однос на користењето на спортските терени во нашиот град е јасно кршење на оваа традиција на транспарентност и одговорност. Нивната последна реакција беше сосема непотребна и неодржлива. Средба со претставници на клубовите имаше и се постигна јасен консензус. Градскиот стадион да се користи само за фудбалски натпревари во Првата лига на Македонија и меѓународни фудбалски натпревари, но и за натпревари од особено значење, како на пример полуфинале и финале во Купот на Македонија.

Од овој аспект, општина Тетово покажува решеност да гарантира дека овој стадион треба да биде опремен со сите потребни услови и стандарди, како еден модерен и функционален објект кој ќе ги исполни сите барања на спортска арена од високото ниво во нашиот град. За екипите кои настапуваат во пониските лиги, општината има јасен став: ќе се уредат и други терени опремени со сите потребни услови за спортски натпревари. Така, еден терен ќе се гради кај Спортскиот центар во градот, а друг во село Сараќино. Двата терени ќе бидат опремени со потребната инфраструктура, вклучително и соблекувална за тимовите и канцеларии за клубовите. Со овие чекори, Општина Тетово ја потврдува својата посветеност за унапредување на спортот на високо ниво, транспарентност и правда за сите заедници кои живеат во нашиот град“, стои во соопштението од Општината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Селекторот Андов го објави списокот фудбалерки за двата натпревари со Црна Гора

Женската репрезентација на Македонија кон крајот на ноември и почетокот на декември ќе оди…