Белгискиот фудбалер Еден Азар успешно е опериран во понеделник, а според првичните информации надвор од терените ќе биде најмалку три месеца.
Капитенот на белгиската репрезентација тешко го повреди десниот скочен зглоб на тренинг во пресрет на квалификациските натпревари, а снимките покажале дека Азар доживеал фрактура на десниот скочен зглоб.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Неговиот клуб Челзи соопшти дека операцијата минала добро, но и дека нивниот најдобар фудбалер ќе го пропушти почетокот на сезоната, која во Англија започнува на 12 август.
„Сè мина во најдобар ред, сега го започнувам патот на враќање. Ќе бидам уште посилен“, напиша Азар на својот твитер профил.