Дома Македонски спорт Мак фудбал „Опасната левица од македонската репрезентација доаѓа во нашиот клуб“, вака Сараево го претстави „Цујо“!

„Опасната левица од македонската репрезентација доаѓа во нашиот клуб“, вака Сараево го претстави „Цујо“!

Македонскиот фудбалер Даниел Аврамовски е промовиран во босанскиот клуб Сараево.

Сараево Аврамовски го промовираше како големо засилување во офанзивниот дел. Со Сараево популарниот Цујо потпиша договор на две години.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Среќен сум што доаѓам во Сараево. Имавме контакт долго време и на крајот мило ми е што успеавме да постигнеме договор за соработка. Се радувам на натпреварите кои ќе следуваат“, изјави Аврамовски.

„Опасната левица од македонската репрезентација дојде во нашиот клуб“, вака Сараево го промовираше Аврамовски.

Во Сараево Аврамовски доаѓа на барање на тренерот Александар Васоски кој од неодамна е во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…