Дома Фудбал Она што Пике го кажа Барса го спроведува: На Умтити ќе му биде понуден нов договор со огромна клазула

Она што Пике го кажа Барса го спроведува: На Умтити ќе му биде понуден нов договор со огромна клазула

Она што Жерар Пике го кажа пред неколку дена сега Барса сака и да го спроведе на дело.

Можеби не е најдобрата зделка на Барселона во последните неколку години, но Самуел Умтити покажа дека во блиска иднина може да стане еден од најважните, ако не е најважен дел од одбраната Барселона.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Да потсетиме и дека Жерар Пике неодамна ја советуваше управата на клубот да потпише нов договор со фудбалерот пред тој да замине. ТУКА

Токму поради тоа во Барселона се спремни да му понудат продолжување на договорот со значително подобри услови.

Умтити во овој момент има договор со Барселона кој истекува во 2021 година и неговата откупна клазула изнесува 60 милиони евра, додека со новиот договор истата би се зголемила на 101 милион евра.

Според „Мундо Депортиво“, Умтити за новиот договор со Барселона има намера да преговара на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Астон Вила му нанесе удар на Манчестер Сити

Астон Вила го продолжи својот прогрес и ја запиша четвртата последователна победа во Преми…