Дома Трансфер зона Пике до управата на Барса: Понудете му нов договор пред да замине!

Пике до управата на Барса: Понудете му нов договор пред да замине!

pique

Веќе некое време англиските медиуми пишуваат дека Манчестер Сити ќе се обиде да го доведе Самуел Умтити од Барселона.

Умтити на „Камп Ноу“ пристигна во текот на летото 2016 година од Лион за сума од 25 милиони евра, а до сега одигра 62 натпревари и постигна еден погодок.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тој и оваа сезона игра заедно со Жерар Пике кој сега апелира до управата на Барселона да го продолжат договорот со дефанзивецот кој истекува во 2021 година.

„Што побрзо понудете му нов договор, направете го тоа пред да замине!“, изјави Пике.

Според медиумите во Англија Пеп Гвардиола е спремен за Умтити да испрати понуда вредна 55 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…