Реал Мадрид во саботата беше поразен од Барселона на „Сантиаго Бернабеу“ со 1:0. Тоа беше втор пораз од големиот ривал за само три дена, па предизвика големо незадоволство кај навивачите на „кралскиот“ клуб.
„Кралевите“ во само три дена доживеаа два пораз од најголемиот ривал на својот стадион, па после цели 87 години Барселона има повеќе победи во „Ел Класико“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со 12 бода заостанување зад Барселона во Примера, сигурно дека Реал Мадрид сега фокусот ќе го стави на одбрана на европската титула, но, Сантијаго Солари никако да се справи со проблемите кои ги има во соблекувалната.
Солари многу ѕвезди од тимот веќе ги „отпиша“, а тоа особено се однесува на Марсело, Иско и Герет Бејл.
Велшанецот играше од првата минута во саботата, но не играше добро. Кога Солари го извади од игра, Бејл доби големи свирежи од навивачите на Реал, што додатно го изнервира фудбалерот кој и така е во лоша позиција.
Мадридски „АС“ пренесува дека Бејл само неколку минути откако беше заменет минал на клупата за резервни фудбалери, по што се упати во соблекувалната.
Велшанецот дури и не сакал да го догледа крајот на дербито, па веднаш потоа се упатил кон својот дом, па оваа информација наиде на големо незадоволство кај фановите на „кралскиот“ клуб.