Шпанскиот играч за врска Дани Олмо конечно доби понуда која неговиот тим, Динамо Загреб нема да ја одбие, тврдат „Спортске Новости“ од Хрватска.
Споменатиот извор тврди дека Динамо од Милан добил понуда во износ од 30 милиони евра за својот најдобар играч и дека истата ќе биде прифатена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој медиум пишува и дека стапиле во контакт со агентот на Олмо кој им го дал следниот коментар:
„Засега нема ништо да кажам“.
Ваквите зборови на агентот на фудбалерот значи дека не демантира, па работата веројатно е блиску до реализација.
Милан уште во текот на летото го сакаше Олмо, но Звонимир Бобан тогаш заклучи дека се уште е рано овој млад фудбалер да заигра во Серија А.
Претходно во медиумите пишуваа дека Динамо спремил нов договор за својот најдобар играч со плата од 1.5 милиони евра.