Германскиот фудбалер Месут Озил се огласи на Твитер по повод се почестите информации во турските медиуми дека ќе го напушти тимот на Фенербахче.
Озил ги демантираше медиумите и порача дека сака да ја заврши кариерата во Фенербахче.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Морам да дадам официјална изјава во врска со мојата кариера за да го демантирам пишувањето на одредени медиуми. Целта во кариерата ја постигнав со потпишување на три и пол годишен договор со Фенербахче. Тој клуб е мојата детска љубов и сакам да останам, иако не земав плата во првите шест месеци од мојот престој во клубот“, напиша 33-годишниот Месут Озил.
„Повторно нагласувам – не сакам да ја завршам кариерата во друг клуб освен во Фенербахче. До крајот на договорот ќе го носам само дресот на Фенербахче, мојата одлука е јасна и конечна“, заврши Германецот.
Озил е член на Фенербахче од 2021 година, а претходно настапуваше за Шалке 04, Вердер Бремен, Реал Мадрид и Арсенал. За германската репрезентација одигра 92 натпревари и постигна 23 гола.