Дома Трансфер зона Озил постави БИЗАРЕН услов за да остане во Арсенал

Озил постави БИЗАРЕН услов за да остане во Арсенал

Преговорите околу продолжувањето на договорот на Озил со Арсенал се во застој, па постои реална опција Германецот како слободен играч да го напушти клубот на лето.

Навивачите во последно време се рамнодушни, но медиумите тврдат дека многу се големи шансите Озил да премине во најголемиот ривал, Манчестер Јунајтед.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Озил има понуда и од Турција, но тоа не го привлекува, па многумина веруваат дека на крајот ќе ја прифати понудата која ја има на маса од Арсенал – 275.000 фунти неделно.

Меѓутоа, Озил како услов да започне преговори ја сака „десетката“. Тоа е неговиот број, многу е суеверен и сака да го носи дресот со тој број.

Бројот 10 моментално го носи Вилшер кој е во втор план и кој веројатно ќе си замине од Арсенал на крајот на сезоната.

Навивачите се против, сметаат дека Германецот не покажува ништо и дека е вистинско време да си замине и да се подмлади тимот.

Останува да видиме како ќе се заврши оваа сага…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…