Дома Фудбал Италија Од херој до најомразена личност: Навивачите ги враќаат дресовите од Бонучи!

Од херој до најомразена личност: Навивачите ги враќаат дресовите од Бонучи!

Искусниот 30 годишен фудбалер, Леонардо Бонучи како што е познато се пресели од редовите на Јувентус во Милан.

Очекувано овој трансфер крена многу прашина во јавноста. Италијанецот преку ноќ стана една од најомразените личности во Торино, а раководстовото на „старата дама“ одлучи името на Бонучи и целосно да биде избришано.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сите навивачи на Јувентус кои имаат дрес од овој фудбалер, можат целосно бесплатно да го вратат во фан шопот на клубот, а за возврат ќе добијат дрес од некој друг фудбалер, по нивни избор.

Бонучи седум години го носеше дресот на Јувентус. Иако беше столб на одбраната, предавството скапо го плати и сигурно дека повеќе никогаш во Торино нема да има „топло“ добредојде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Колумбиецот Херера со силна емоција и од срце ја пееше македонската химна (Видео)

Колумбиецот Себастијан Херера го забележа својот прв настап за македонската репрезентација…