Дома Фудбал Италија „Од Роналдо до Ибра, од Џеко до Кваљарела, преку Пандев, Пацини…Ако сакаш подолга кариера дојди во Серија А!

„Од Роналдо до Ибра, од Џеко до Кваљарела, преку Пандев, Пацини…Ако сакаш подолга кариера дојди во Серија А!

Италијанската Серија А кон средината на 20. век важеше за наислна лига, но во последните 15-тина година Калчото го загуби приматот.

Сега италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ направи истражување кое покажува дека Серија А е одлична дестинација за фудбалерите кои се во поодминати години, посебно за напаѓачите. Бројките покажуваат дека играчите кои се во залезот на кариерата на „Чизмата“ подолго играат во одлична форма.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Во светот Италија важи за земја со најстара популација, но изгледа дека тоа е пренесено и во фудбалот, посебно за оние кои играат пред голот. Ако се погледне статистиката, фудбалерите кои се влезени во четвртата деценија од живтот ззаедно во изминатиов период постигнале 70 гола. Таа бројка е двојно поголема во однос на Англија. Зад Италија е Шпанија со 51 гол“.

„Не постои подобро место за некој да си ја продолжи кариерата. Од Роналдо до Ибра, од Џеко до Кваљарела, преку Пандев, Коларов, Паласио, Пацини…Сите изгледаат како кога играа најдобар фудбал“, објаснува „Кориере“.

Меѓутоа статиската вели и дека во Италија нема средина. Имено, само во Бундес лигата играчите до 21 година постигнале повеќе голови. Во Италија овие играчи постигнале 30 гола, во Бундес лигата 34, во Франција 27, Шпанија 22 и Англија 18.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати сите парови за плеј-офот во НБА

Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во плеј-офот на НБА, откако во плеј-инот го совладаа…