Веќе со денови се пишува за желбата на Меси да ја напушти Барселона и тоа е тема број еден во спортските медиуми.
Големи се шансите таа желба и да се отвари, а се очекува Аргентинецот многу брзо и сам да и се обрати на јавноста. До тогаш многу се шпекулира за неговата иднина.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Дека Меси го фаворизира Сити пишува и францускиот „Л’Екип“.
Реномираниот француски медиум пишува дека спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо го побарал Жорге Меси, таткото и менаџер на Аргентинецот за да го извести за интересот на францускиот клуб.
Меѓутоа Жорге наводно се заблагодарил на повикот и му порачал на Леонардо дека Меси одлучил да влезе во преговори со Манчестер Сити, клуб каде што сака да игра.