Дома Фудбал Италија Од продавање вода на улиците во Лагос до трансфер од 70 милиони евра

Од продавање вода на улиците во Лагос до трансфер од 70 милиони евра

Во овој преоден рок Виктор Осимен направи трансфер од Лил во редовите на италијански Наполи за сума од 70 милиони евра и на почетокот остава добар впечаток.

Сега во интервју за италијанските медиуми соиграчот на Елмас зборуваше за тешкото детство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Трансферот во Наполи за мене беше остварување на сонот. Неверојатно е се што ми се случи, ако некој пред три години ми кажепше дека ќе играм во еден од најпознатите европски клубови ќе му кажев е дека луд и не знае што зборува. Моето детство беше навистина тешко, мајка ми почина, а татко ми после само три месеци остана без работа. Морав да продавам вода на улиците во Лагос за да преживеам“.

Осимен прво се преселил во Волфсбург во 2015 година откако блесна на СП до 17 години, во Германија не се снајде па следуваше трансфер во Шарлоа од каде дојде во Лил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо продолжи да испишува историја

Кристиано Роналдо беше двоен стрелец во гостинската победа на неговиот тим од 3-1 над Ал-Г…