Дома Топ вести Одржан состанок – Реал ја менува трансфер политиката и ова се двете желби за јануари!

Одржан состанок – Реал ја менува трансфер политиката и ова се двете желби за јануари!

perez zidan

Реал Мадрид ретко во својата историја доведувал големи имиња во јануари, меѓутоа поради лошите резултати во првиот дел од сезоната „кралевите“ се спремни да ја променат оваа трансфер политика.

После вториот состанок помеѓу претседателот Флорентино Перез и генералниот директор Хозе Ангел Санчез, наводно било договорено Реал во следниот месец да тргне по засилувања.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Прв на листата желби е голманот Кеп Аризабалага 23 годишниот чувар на мрежата на Атлетик Билбао. Иднината на Кејлор Навас е ставена под знак прашалник. Во Реал веруваат дека доведувањето на 20 годишниот голман на кого договорот му истекува наредното лето е одлична идеја.

„Марка“ медиум кој важи за близок до Реал тврди дека во јануарскиот преоден рок „кралевите“ ќе се обидат да го доведат и Мауро Икарди од Интер. После заминувањето на Мората, единствен класичен напаѓач остана Карим Бензема, а Французинот е далеку од идеална форма и многумина сметаат дека на европскиот шампион му треба подобро решение во нападот.

Доколку во Реал не успеа да го убедат Интер, се очекува своето внимание да го насочат кон Тим Вернер кој со своите настапи за Лајпциг привлече огромно внимание.

Покрај тоа во Реал ќе обидат да пронајдат и централен дефанзивец бидејќи во преодниот рок ја отпишаа клупската легенда Пепе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…