Дома Фудбал Останато Одржан состанок во Париз, ПСЖ му нуди богатство на Мбапе

Одржан состанок во Париз, ПСЖ му нуди богатство на Мбапе

Состанокот помеѓу раководството на ПСЖ и Килијан Мбапе се одржал вчера, само еден ден после мечот со Реал Мадрид, пренесуваат француските медиуми.

Богатите катарски сопственици на чело со Насер Ал Келаифи се спремни да направат се за да го убедат Килаја Мбапе да остане во Париз и да потпиша, макар и краткорочен договор.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Преговорите помеѓу двете страни траат веќе неколку месеци, а до денес Мбапе ги одби сите понуди и најверојатно на лето ќе замине како слободен агент.

Медиумите тврдат дека Мбапе сака да се пресели во Реал Мадрид, но „светците“ не се откажуваат и му доставиле нова понуда, што е најголема во фудбалскиот свет.

Како што наведува „Паризиен“, првите луѓе на ПСЖ и натаму не успеваат да го убедат Килијан да остане во Париз. Тој веќе одби да потпише двегодишна соработка која би му донела 90 милиони евра.

Се наведува дека понудата на катарските челници се зголемила на еден милион евра неделно, со што би бил подобро платен играч од Лионел Меси кој добива околу 950.000 евра. Во случајот на Мбапе тоа би биле 50 милиони евра годишно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На „Делије“ им беше забранет пристап на Сан Сиро. Погледнете ги обезбедувачите кога пееја Србите

Италијанската полиција и градските власти на Милано пред две недели им забранија на навива…