Дома Останати Одличен старт на првата тенисерка на светот на УС Опен

Одличен старт на првата тенисерка на светот на УС Опен

Најдобрата тенисерка на светот, Каролина Плишкова се пласираше во второто коло на УС Опен, откако денес славеше против Магда Линет од Полска со 6:2 и 6:1.

Плишкова и Линет во вториот меч одиграа во затворено, бидејќи поради дождот во Њујорк е повлечен кровот на стадионот „Артус Еш“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Уште една чешка тенисерка, Барбора Стицова избори пласман во второто коло од УС Опен. Таа славеше над Мисаки Дои од Јапонија со 6:1 и 6:3.

Белгиската тенисерка, Јанина Викмајер на стартот беше подобра од Украинката, Лесе Цуренко со 6:3 и 6:1, додека Романката, Сорана Кирстеа ја победи Лесли Керкхов со 6:1 и 6:3.

Дождот во Њујорк и натаму паѓа, така што единствено на овој стадион не е прекината програмата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Родик: Алкараз е подобар од Ѓоковиќ и Надал, но има еден проблем

Познатиот тенисер Енди Родик вели дека Карлос Алкараз е подобар во овие години отколку што…