Дома Фудбал Англија Одегард: Сакам да ја освојам Премиер лигата и Лигата на шампионите со Арсенал

Одегард: Сакам да ја освојам Премиер лигата и Лигата на шампионите со Арсенал

Мартин Одегард ова лето се врати во Арсенал, откако „топџиите“ и „кралевите“ постигнаа договор после неговата позајмица.

Со Арсенал 22-годишниот фудбалер сака да освојува трофеи. Сега тој даде една изјава со која само ги насмеа навивачите затоа што не изгледа реално.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Сакаме да се вратиме во европските натпреварувања и да ги освојуваме трофеите. Сакаме да ја освоиме Премиер лигата и Лигата на шампионите во следните години“, изјави Одегард.

Ова во овој момент не изгледа реално затоа што Арсенал се наоѓа на последното место на табелата во Премиер лигата. Арсенал за Одегард на Реал Мадрид му плати 35 милиони евра , а фудбалерот потпиша договор на четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Македонија пред 31 година на гости во Белгија покажа дека може да не загуби! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Гент ќе го одигра натпреварот против Б…