Дома Фудбал Германија Одговор кој ги изненади сите: Дали го поддржуваме Анчелоти? Следното прашање!

Одговор кој ги изненади сите: Дали го поддржуваме Анчелоти? Следното прашање!

Ѕвездата на Баерн Минхен, Арјен Робен не сакаше да застане во одбрана на својот тренер Карло Анчелоти после убедливиот пораз од ПСЖ.

Робен влезе во игра во второто полувреме, а неизбежно прашање на новинарите после ваков резултат е дали тимот го поддржува Карло Анчелоти.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Нема да одговорам на тоа прашање. Следното прашање“, јасен беше Холанѓанецот и додаде:
„Кој ќе игра, а кој не е работа на тренерот. Се што ќе кажам во овој момент ќе биде погрешно разбрано. Најважна работа сега е да се држиме како тим, ни треба мир. Никој кој што не критикува од надвор не може да ни помогне“, заклучи Робен.

Еминентниот весник „Билд“ пренесува дека попладнево раководството на Баерн ќе има средба со тренерот Карло Анчелоти и се очекува да му биде врачен отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Крос за Ачерби: Би сакал повеќе тој да ме чува отколку германски овчар

Тони Крос, легендарниот играч од средниот ред и поранешен играч на Реал Мадрид, во својот …