Македонските одбојкари ја совладаа Австрија со 3:0 на првиот контролен натпревар во Сент Полтен, во пресрет на Европското првенство во Словенија.
Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ интересно сите три сета во Сент Полтен ги добија тесно и тоа со идентичен резултат 25:23.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ утре ги очекува уште една, но официјална пријателска средба со Австрија, и тој дуел воедно ќе претставува генерална проверка пред настапот на Европското првенство.
Македонската репрезентација по дводенвиот престој во Австрија, заминува за Љубљана каде на 12-ти ќе играат против Финска во првиот меч на ЕП.