Дома Фудбал Лига на шампиони Огромни проблеми за Тухел: За дуелот со Лајпциг остана и без Мбапе

Огромни проблеми за Тухел: За дуелот со Лајпциг остана и без Мбапе

Томас Тухел се соочува со големи проблеми пред дуелот со германски Лајпциг.

Францускиот клуб на својата официјална страна објави дека овој дуел ќе го пропушти и Килијан Мбапе кој заработил повреда на гости кај Нант.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Мбапе на тој натпревар асистираше за првиот и го постигна вториот гол во победата од 0:3, а од игра излезе во 74. минута. Од ПСЖ известија дека состојбата со Мбапе повторно детално ќе се провери за два дена.

Освен Мбапе, тренерот на ПСЖ поради повреди не ќе може да смета на Нејмар, Верати и Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Модриќ не наоѓа мир ни во Америка: Ги засени и тениските ѕвезди на теренот (Видео)

Пред натпреварите против Колумбија и Бразил, хрватските фудбалери Лука Модриќ и Андреј Кра…