Дома Фудбал Англија Овој Арсенал дефинитивно изгледа шампионски!

Овој Арсенал дефинитивно изгледа шампионски!

Арсенал игра одличен фудбал оваа сезона, а нов доказ e денешната победа против Челзи на „Стенфорд Бриџ“ со 1:0 .

Тимот на Микел Артета изгледаше подобро на теренот од самиот почеток. Сепак, се играше тврдо и без премногу шанси, Арсенал имаше два добри обиди во првото полувреме преку Габриел Жесус и Мартинели. Арсенал беше подобриот тим нба теренот, а тоа го искористија во 63. минута од средбата.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Букајо Сака одлично изведува корнер, топката минува низ неколку играчи, стигна до Жезус кој ја смести во мрежата. Челзи изгледаше безидејно во нападот. „Сините“ скоро и да не направија ништо на овој меч, па Арон Рамсдејл на крајот ја сочува мрежата, а „топџиите“ освоија три бода.

Со овој триумф Арсенал останува лидер на табелата со 34 бодови, 13 победи, реми и еден пораз. Со новиот хет-трик Арсенал остана на првото место во Премиер лигата. Лондонскиот клуб има 34 бода и учинок од 13 победи, едно реми и еден пораз. Манчестер Сити е зад нив со два бода помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тен Хаг е пред отказ, а тој зборува за трофеј

Ерик Тен Хаг се наоѓа под најголем притисок во Манчестер Јунајтед поради слабите резултати…