Eдна од најголемите ѕвезди во англискиот фудбал, Мајкл Овен се огласи после вчерашната победа на Англија.
Англија ја победи Данска со еден контроверзен пенал во продолженијата. Овен не го интересира премногу дали било или не било пенал.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Не сум сигурен дали беше пенал, но на кого му е гајле?“, истакна Овен па додаде:
„Не мислам дека замената на Грилиш беше добра и покрај резултатот, тој е одличен кога треба да се задржи топката, добро знае да добива прекршоци и да го забави темпото на натпреварот“, објасни поранешниот голгетер.
Ќе потсетиме, Англија во финалето кое се игра во недела ќе се сретне со Италија.