Домагој Вида оваа зима пристигна како големо засилување во турскиот Бешикташ.
Сепак, таму хрватскиот дефанзивец не се покажа најдобро и сега е пред заминување. Најголем проблем на турскиот гигант му прави платата на овој фудбалер, кој изнесува дури 3 милион евра годишно, што е за тамошните услови премногу.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Прв во редот на заинтересирани за него е Евертон. Во сината екипа од Ливерпул се одлучни следната сезона да ја засилат екипата и да направат конкурентен тим за борба во Европа. Најголем проблем гледаат во дефанзивниот дел од теренот, каде што стоперите веќе се во доцните играчки години, Фил Јагиелка и Ешли Вилијамс.
Како што пренесуваат турските медиуми, Домагој Вида по Никола Власиќ ќе биде вториот Хрват во соблекуваланта на „Гудисон Парк“. Да напоменеме, Вида вчера беше одличен против Аргентина во триумфот од 3:0.