Не се случува секој ден тренерот на клубот кој ќе обезбеди опстанок во лигата да добие отказ.
Таа судбина ја доживеа тренерот на Мајнц, Мартин Шмит, кој беше отпуштен само два дена по крајот на сезоната во Бундеслигата во која неговиот тим избори опстанок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Мајнц не требаше да биде доведен во ситуација да стравува за опстанок, бидејќи во поголемиот дел од сезоната беше цврсто позициониран во безбедната зона, но во последните десет натпревари во сезоната доживеа дури шест порази.
На крајот, Мајнц имаше многу среќа и остана во лигата благодарение на подобрата гол разлика од Волфсбург, кој заврши на 16. место, што води до плејофот за опстанок, а имаше исто така 37 освоени бода.
Мартин Шмит на клупата на Мајнц пристигна во 2015. година и договорот го врзуваше со овој клуб до 2018. година, но сепак 2018. ќе ја пречека на некоја друга адреса.