Дома Фудбал Англија Ова не му личи: Мурињо прво удри по „главниот виновник“ за поразот, а потоа и крена раце од се

Ова не му личи: Мурињо прво удри по „главниот виновник“ за поразот, а потоа и крена раце од се

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо даде краток коментар на натпреварот со Манчестер Сити на „Олд Трафорд“ кој заврши со резултат 2:1.

„Црвените ѓаволи“ денес беа во подредена положба во дуелот со градскиот ривал, но Мурињо главната вина ја најде во арбитарот Мајкл Оливер.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Првата реакција? Жал ми е за судијата Мајкл Оливер бидејќи судеше одлично се до една кардинална грешка. Да го досудеше пеналот кој требаше, резултатот на 20 минути до крајот би бил 2:2. Пеналот над Херера беше чист“, истакна Мурињо.

На прашањето дали трката за титулата е готова, Мурињо даде одговор кој баш и не му личи и делуваше како веќе да се помирил со судбината.

„Мислам дека да. Манчестер Сити е одлична екипа, но имаат и среќа. Заштитени се од фудбалските богови“, заклучи Португалецот.

Манчестер Јунајтед по 16 кола има 11 бодови негатива во однос на Манчестер Сити кој игра импресивна сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…