Фудбалерите на Рома овој викенд играат на свој терен против Удинезе во рамките на 32. коло од италијанската Серија А.
На „Волчицата“ секој натпревар и е важен, бидејќи се борат со сите сили и следната сезона да играат во Лигата на Шампионите. Меѓутоа, Рома повеќе нема право на кикс, но не се премногу оптимистични со оглед дека ситуацијата во екипата и не е баш одлична. Кладуио Раниери го превзеде кормилото на римскиот клуб, а очекувањата на навивачтие се многу големи. Покрај лошата атмосфера во соблекувалната, проблем за Раниери претставуваат и повредите на играчите.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Тоа најмногу се однесува на Даниеле Де Роси кој минатиот викенд и донесе победа на Рома. Сепак, капитенот на Рома има проблеми со повредата не левото колено и претходните денови не тренираше со екипата. Меѓутоа, Де Роси денеска се појави во тренинг кампот на Рома и му кажа на Раниери дека е подготвен за натпреварот без оглед на се. Де Роси и на тој начин покажа колку му значи екипата и сака да му помогне на тимот во борбата за Европа.