Дома Фудбал Останато Ова е доказ дека е главен во Париз: Нејмар го избра новиот тренер на ПСЖ?

Ова е доказ дека е главен во Париз: Нејмар го избра новиот тренер на ПСЖ?

Иако ПСЖ ова лето доведе неколку големи засилување за ловот на титулата во Лигата на Шампионите, во натпреварот од осмина финалето беа поразени со 3:1 од актуелниот шампион Реал Мадрид.

Од Парижаните многу повеќе се очекуваше во првиот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ и јасно е дека сега ги очекува многу потешка задача во реваншот. ПСЖ мора да ја стигне предноста од 3:1 и тоа против двократниот европски шампион.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Многумина по пораот го обвинија Унаи Емери и сметаат дека шпанскиот стратег не е доволно добар за предизвиците во ПСЖ. Откако што минатата година ПСЖ шокантно отпадна од Барселона, фудбалската јавност верува дека Емери уште тогаш требало да добие отказ.

Доколку ПСЖ не го помине Реал јасно е дека Емери овој пат нема да се спаси. Како што пишуваат медиумите во Франција, Нејмар разговарал со управата на клубот и изразил желба Жозе Мурињо да го превземе тимот од следната сезона. Сепак, португалскиот стратег само што го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и тешко е да се очекува дека лесно ќе пристигне во ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер договори засилување од Франција

Интер постигнал договор со Ленс за доведување на играчот од средниот ред Анди Диуф за 20+5…