Спортскиот кординатор на Болоња Валтер Сабатини ги коментираше пишувањата на медиумите дека овој клуб одбил да го доведе Диего Коста.
Италијанските медиуми пренесуваа дека конечната одлука ја донел Михајловиќ, а како причина е договорениот трансфер на Арнаутовиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Арнаутовиќ е наш човек. Синиша добро знае дека Диего Коста е шампион, но имам друга опција. Кога ни беше понуден Коста, седнавме и слушавме. Кај Михајловиќ се појавија одредени сомневања за физичката спремност што би можело да доведе до посериозна повреда. Тој не е одбиен, тоа е лага“, објасни Сабатини.
Зошто Арнаутовиќ се уште не потпишува.
„Арнаутовиќ не е наш проблем. Тој ни даде на мене и на Михајловиќ збор и не постои друга опција. Нашиот проблем е Шангај кој го држи неговиот договор, но верувам дека тоа ќе го решиме“, убеден е Сабатини.