Дома Фудбал Објавен нов разговор: Рамос барал помош за да ја освои „Златната топка“

Објавен нов разговор: Рамос барал помош за да ја освои „Златната топка“

Шпански „Ел Конфиденсијал“ објави приватни разговори меѓу поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос и првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес.

Рамос редовно комуницирал со Рубиалес во период од 2018 до 2019 година, а притоа сакал да ја добие „Златната топка“ и побарал помош од првиот човек на шпанскиот фудбал.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Добровечер Руби, се надевам дека си добар. Знаеш дека никогаш не барам ништо, но сега мислам дека оваа година е посебно нешто. Би ти бил благодарен до крајот на животот“, му напишал Рамос на Рубиалес и побарал да ги контактира неговите пријатели за помош.

Шпанскиот дефанзивец минатото лето си замина од „кралскиот клуб“ и потпиша за ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прв пораз за Вардар во лигата, Шкендија му се доближи на еден бод

Шкендија триумфира против Вардар со 1-0 во Скопје во домашниот шампионат, со што му се доб…