Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Објавени податоците: Русија потрошила вистинско богатство за организација на Мундијалот

Објавени податоците: Русија потрошила вистинско богатство за организација на Мундијалот

Денес беа објавени податоци колкава сума сума потрошила Русија за организација на Светското првенството кое се одржа минатото лето.

Бројките на јавноста и ги откри Аркади Дворкович, претседателот на локалниот организационен комитет на Русија – 2018.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поголемиот дел од овој износ бил издвоен од федералниот буџет. Тоа беше прво Светско првенство организирано во оваа земја, а организацијата ги надмина сите очекувања. Судејќи според податоците на Федералниот институт за туризам во Русија во текот на Мундијалот ја посетиле околу 2.9 милиони туристи.

Од друга страна Русија потрошила огромни 10.6 милијарди долари.

ФИФА во декември соопшти дека Светското првенство во Русија го соборило рекордот по публика во историјата на светските превенства каде што половина од светската популација ги следеле натпреварите на најдобрите репрезентациите.

Само финалето помеѓу Франција и Хрватска го гледале милијарда луѓе според извештајот на агенцијата „Публицис Медиа Спорт и ентертемент“.

Овие бројки всушност не се реални бидејќи поради напредокот на технологијата голем број луѓе ги следеа натпреварите преку телефони, таблети, компјутери или некоја друга дигитална платформа.

Од Мундијалот беа задоволни и во ФИФА.

„Ваквите податоци само потврдуваат дека Мундијалот во Русија беше најдобро организираниот досега“, изјави Филип ле Флош, шефот на маркетинг одделот на ФИФА.

Ќе потсетиме до титулата на овој Мундијал стигна Франција која во финалето ја победи Хрватска со 4:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Аморим е свесен каде дојде: Не чека уште многу страдање!

Рубен Аморим викендов со реми против Ипсвич од 1:1 дебитираше на клупата на Манчестер јуна…