Дома Фудбал Италија Објавена анализа во Серија А: Лидерот Интер имал помош од судиите!

Објавена анализа во Серија А: Лидерот Интер имал помош од судиите!

Џанлука Роки кој е прв човек на судиите во италијанската Серија А направи анализа по првиот дел од сезоната и идентификуваше осум поголеми грешки.

Од направените грешки две се во корист на лидерот Интер, додека две се во корист на Јувентус кој е на втората позиција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Моментите кои се во прашање се фаулот кој го направи Бастони во почетокот на акцијата при победничкиот гол против Верон. Исто така имало прекршок и од Бисек при зачетокот на акцијата со која избраниците на Инзаги стигнаа до водство против Џенова.

На натпреварите на Јувентус имало три спорни моменти, една е во корист на „старата дама“, две против. Болоња требало да добие пенал по старт од Илинг Жуниор врз Ндојде, додека Сасуоло требало да остане со играч помалку поради стартот на Берард врз Бреме. Црвен картон требало да биде покажан и на натпреварот со Џенова, за стартот на Малиновски врз Јилдиз.

Грешка била направена и на натпреварот Монца – Лече. Тука требало да биде исклучен Федерико Баскирото. Болоња одигра 0:0 против Монца, а на овој натпревар еден поништен гол на домаќините требало да биде признат. Ист пропуст се направил и на натпреварот помеѓу Сасуоло и Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…