Дома Фудбал Останато Објавата на Ибрахимовиќ предизвика бурни реакции, се огласија и од Хамарби

Објавата на Ибрахимовиќ предизвика бурни реакции, се огласија и од Хамарби

Фудбалскиот свет остана изненаден после последната објава на Златан Ибрахимовиќ.

Прославениот фудбалер рано утрово објави фотографија од дресот на шведскиот тим Хамарби. На дресот се наоѓаше и неговото презима, па јавноста се прашуваше дали ова значи дека Ибрахимовиќ изненадувачки ќе потпише за овој клуб.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


По објавата на Ибрахимовиќ се огласи ПР шефот од шведскиот клуб, Акесел Першаген. Тој не потврди дека Ибрахимовиќ потпишал за нив, но не ни демантираше.

„Ибрахимовиќ во овој момент не е со нас и немам што да кажам на таа тема. Ако стане наш играше, односно ако потпише договор ќе објавиме на нашата страна. Кога станува збор за засилувањата морате да разговарате со Јеспер Јансен или Хенрик Киндлуд“, изјави Першаген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли се врати во клубот кој го напушти во 2019 година

Италијанскиот фудбалски стратег Стефано Пиоли официјално се враќа на чело на Фиорентина, о…