Пјер-Емерик Обамејанг е роден во Франција, мајка му е од Шпанија, но тој игра за репрезентацијата на Габон. Зошто, кога како мал беше член на младата селекција на Франција?
Во разговор за клупскиот сајт, новиот напаѓач на Арсенал ги откри своите причини:
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Поради татко ми. Одлучив да одам по нековите чекори. Тој во минатото беше капитен на репрезентацијата на Габон. Можев да ја одберам Франција или Шпанија, а на играчите често им е потребно одредено време за да размислат кога имаат поголем избор, но јас брзо одлучив. Срцето ми кажа да одам по чекорите на татко ми“, изјави Обамејанг.
Неговиот татко, Пјер-Франсоа, познат како Јаја Обамејанг, одригра повеќе од 80 натпревари за репрезентацијата на Габон. Во текот на својата кариера беше стопер, а сега е скаут во Милан.