Дома Фудбал Англија Обамејанг е тимски играч – откри зошто го препуштил пеналот на Лаказет!

Обамејанг е тимски играч – откри зошто го препуштил пеналот на Лаказет!

obamejang

Пјер Емерик Обамејанг беше првото име во натпреварот во кој неговиот Арсенал го порази Стоук со 3:0.

„Топчиите“ во денешниот натпревар се мачеа се до финишот на натпреварот. Обамејанг погоди од пенал во 75 минута, а десет минути подоцна го постигна и својот втор гол на натпреварот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во 89 минута Арсенал доби нов пенал и Габонецот имаше прилика со реалиација на казнетиот удар да стигне до хет-трик, но сепак одговорноста ја препушти на неговиот соиграч Александар Лаказет, по натпреварот откри зошто го направил тоа.

„Лаказет долго време немаше постигнато гол, а јас веќе постигнав два. Сакав да му дадам шанса да постигне гол, тоа и го направи. Мислам дека овој гол добро ќе му дојде кога е самодовербата во прашање. За мене ова што го направив е сосема нормално“, изјави Обамејанг.

Иначе, Обамејанг во јануари настапи на шест натпревари за Арсенал во Премиер лигата и постигна пет погодоци, додека Лаказет ги пропушти последните три натпревари поради повреда, а последниот гол (пред денешниот) го постигна на 20 јануари против Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…