Дома Фудбал Италија „Нула“ во Торино за финале на Јувентус!

„Нула“ во Торино за финале на Јувентус!

Јувентус и Интер денес го одиграа реваншот од полуфиналето во Купот на Италија, на крајот во финалето патува тимот од Торино.

Вечерва во Торино гледавме интересен меч со шанси на двете страни единствено нешто што недостасуваа беа голови. Интер на стартот имаше иницијатива и напаѓаше, а како што одминуваше времето Јувентус се ослободуваше од притисокот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Второто полувреме донесе повеќе шанси на „старата дама“. Роналдо најмногу се закануваше, меѓутоа Хандановиќ вечерва излезе како победник во сите дуели со Португалецот.

Победата на Јувентус од минатиот натпревар во Милано (1:2) беше доволна за Јувентус да се избори за финале каде што ќе игра против подобриот од Аталанта и Наполи. Тој натпревар се игра утре во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мислеа дека Родриго воопшто нема да игра, но Алонсо најде уште полош начин да му покаже кој е главен (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа ја победија Борусија Дортмунд (3:2) и се пласираа во пол…