Опоравувањето на најдобриот голман во светот не се одвива според очекувањата.
Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер, заработи повреда на стапалата на тренингот пред околу еден месец и поради тоа ќе паузира најмалку шест месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, тој се надева дека ќе биде спремен за финишот од сезоната и е убеден дека ќе брани на Мундијалот во Русија.
„Заработив незгодна повреда. Ќе паузирам најмалку шест месеци. Ова навистина тешко ми паѓа. Се трудам да бидам позитивен, но кризите се нормална појава кога си во ваква состојба. Верувам во своите соиграчи и се надевам дека ќе бидам спремен за финалето од Лигата на шампионите и дека на крајот од сезоната ќе ја прославам шестата титула во низа во Бундеслигата“, изјави Германецот.