Дома Фудбал Останато Нов скандал во Барселона: Некој од клубот успеал да украде голема сума!

Нов скандал во Барселона: Некој од клубот успеал да украде голема сума!

Претходните денови во Барселона владее вистински хаос.

Дури шест членови на управата на Барселона се решија да го напуштат клубот, а тие се противници на актуелниот претседател Бартомеу.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Меѓутоа, скандалите не се стишуваат, па откриено е дека во Барселона трошеле големи суми на ПР услуги од компанијата „И3 Вентура“.

Познато е дека претходно се појави веста дека Бартомеу плаќал за да се пишува лошо за фудбалерите со цел да ја префрли вината.

Место сумата од 120.000 и 150.000 евра колку што е просечното трошење за ПР услуги, Барселона исплатила дури 980.000 евра.

Она што е чудно е што сумата е исплаќана на помали делови за да не се привлече внимание на финансиските органи. Очигледно некој успеал да земе прилично голема сума од клубот.

Ќе видиме како сето ова ќе се одрази на клбуот, но очигледно е дека веќе подолг период во Барселона има проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…