Дома Останати Тенис Нов пораз на Ѓоковиќ, овој пат од 140-тиот тенисер на АТП листата!

Нов пораз на Ѓоковиќ, овој пат од 140-тиот тенисер на АТП листата!

Новак Ѓоковиќ доживеа уште еден неочекуван пораз. Српскиот тенисер во второто коло на Барселона загуби од Словакот Мартин Клижан со 6:2, 1:6, 6:3.

Ѓоковиќ веднаш на стартот од мечот изгуби сервис, а кога во четвртиот гејм не успеа да искористи брејк-топка се сврте кон другиот сет. Таму направи два брејка и го одведе мечот во трет сет.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во одлучувачкиот сет немаше брејк-тропки, дури ниту изедначување во сервисот, се до осмиот гејм кого 140 тенисер во светот ја искористи првата брејк-топка за една од најголемите победи во кариерата.

Лошто движење на Ѓоковиќ покажа дека српскиот тенисер се уште во целост не се опоравил од операцијата на лактот.

За Новак ова е веќе петти пораз во сезоната, пети во последните седум натпревари. Во последните три месеци запиша победи само против сонародникот Душан Лајковиќ и Хрватот Борна Чориќ.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…