Нови шпекулации за судбината на Јовиќ и како што тврди „Don Balon“, нов конфликт помеѓу Зидан и Перез.
Имено, Французинот наводно не го сакал Јовиќ, тој бил засилвуање кое го сакал Перез, поради тоа ретко му дава шанса, а не го убедил дека ќе биде од корист оваа сезона. Зидан според споменатиот весник барал од Перез да го испрати Јовиќ на позајмица каде што ќе стекне искуство и ќе игра редовно, но претседателот на Реал не бил воодушевен од таа идеја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Весникот додава дека на тренинзите, Јовиќ покажал дека не е на нивото од соиграчите, а дека на теренот нема постигнато гол, ниту асистенција и тоа малку време кое го играше. Го загуби местото и во Србија, а Реал го плати 60 милиони евра. Ќе видиме што ќе се случи до зима, дали ќе следува позајмица, иако пред неколку дена, Јовиќ слични вакви информации ги окарактерисираше како шпекулација.