Дома Фудбал Лига на шампиони Ново разочарување за Солскјер: Јунајтед поразен во Турција!

Ново разочарување за Солскјер: Јунајтед поразен во Турција!

Манчестер Јунајтед им приреди уште едно изненадување на своите навивачи откако вечерва беше поразен од Башакшехир на гости во Турција.

Натпреварот беше решен во првите 45 минути. Демба Ба по една контра го отвори резултатот во 13. минута, а во 40 преку Виска Турците дојдоа и до 2:0. Марсијал три минути подоцна го намали резултатот на 2:1.

Во вториот дел резултатот не се промени па „црвените ѓаволи“ ја напуштија Турција со наведнати глави.

За Јунајтед ова е прв пораз во Лигата на шампионит после двете стартни победи против ПСЖ и Лајцпиг.

Во вториот натпревар Лацио и Зенит ремизираа 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Хари Кејн објави каде ја продолжува кариерата

Хари Кејн отворено зборуваше за преговорите со германскиот гигант и практично потврди дека…