Фудбалерите на ЛА Галкси вчера на свој терен славеа против Портланд со 2:1.
Галакси продолжи со добрите настапи оваа сезона и после пет натпревари на своето конто имаат четири победи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Херој на домаќините повторно беше Златан Ибрахимовиќ кој ги постигна двата гола за ЛА Галакси и тоа од пенал.
Ибра после натпреварот доби големи овации, а дрес му даде и на еден навивач од Портланд. Потоа тој делеше автограми, а после натпреварот изјави: Ги натерав хетјерите да станат мои фанови.
Your match-winner Zlatan, stays winning with the @LAGalaxy fans postgame ? pic.twitter.com/qxcYwImAPr
— ESPN FC (@ESPNFC) April 1, 2019
Златан Ибрахимовиќ ги постигна двата гола за својот тим и го врати тимот на првата позиција на источната конференција.
ЛА Галакси до предност стигна во 33 минута кога судијата им досуди пенал, Ибра беше сигурен од белата точка за 1:0.
Само десетина минути подоцна гостите изедначија на 1:1. После одличната акција топката стигна до Ебобисе кој погоди за 1:1.
Меѓутоа ЛА Галакси во второто полувреме успеа да дојде до победа и тоа уште еден гол на Ибрахимовиќ од пенал. Во 65-тата минута судијата повторно покажа на белата точка и Ибрахимовиќ одново ја превзема одговорност. Овој пат Швеѓанецот се одлучи за паненка.
https://www.youtube.com/watch?v=kdRPMhOdNJ4