Дома Фудбал Останато Ново ГОЛЕМО достигнување на Лионел Меси!

Ново ГОЛЕМО достигнување на Лионел Меси!

Фудбалерот на Барселона Лионел Меси во вчерашниот натпревар против Олимпијакос во Лигата на шампионите стигна до ново големо достигнување.

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси стигна до бројката од 100 погодоци во европските натпреварувања откако беше стрелец во победата против Олимпијакос од 3:1.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Освен на Меси, ова му успеа само уште на неговиот голем ривал Кристиано Роналдо.

Како што кажавме Барселона го совлада Олимпијакос, а Меси во постигна гол од слободен удар во 61 минута од натпреварот. За Меси овој погодок беше 97 во Лигата на шампионите додека уште три постигна во Суперкупот на Европа.

До оваа бројка Аргентинецот стигна во 122 европски натпреварувања, односно 21 натпревар помалку од Роналдо кој до овој момент на 151 европски натпревар постигна 113 погодоци.

„Бројките се само доказ за она што го гледаме од ден во ден. Меси продолжува да ги остварува целите кои некогаш беа сметани за невозможни“, изјави тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонски навивач го доби дресот на Миовски од мечот со Брага (Фото)

Шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс одигра 1-1 против Брага и го освои првиот бод во Лигата н…