Јапонецот Рјоју Кобајаши е победник во Оберсдорф, прва од четирите скокалници на новогодишната турнеа „Четири скокалници“.
Кобајаши во првиот скок имаше 128,5 метри и беше петтопласиран, но со неверојатен скок од 141 метар во втората серија ги прескокна Јохансон, Линдвик, Гранерунд и Гајгер и дојде до голема победа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Минатогодишниот шампион Камил Штох сигурно нема да ја одбрани титулата бидејќи не се пласираше во втората рунда, а поранешниот светски победник Северин Фројнд беше дисквалификуван.
Гармиш-Партенкирхен е втората станица, а натпреварите ќе се одржат на 1 јануари.