Дома Фудбал Нови лоши вести – голем удар за Реал Мадрид!

Нови лоши вести – голем удар за Реал Мадрид!

Трите кикса на домашен терен не се единствените лоши вести за Реал Мадрид и тренерот Зинедин Зидан.

Денес пристигна информација дека Марсело ќе мора да паузира околу месец дена поради повреда на мускулот на левата нога.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Бразилецот денес беше на детални прегледи па утврдена е ротура на мускулот што бара одмор од најмалку четири недели.

Бидејќи и Тео Хернандез е лесно повреден и ќе мора да паузира околу две недели, Начо ќе мора принудно да игра лев бек на следните натпревари против Алавес и Борусија Дортмунд.

Ова се лоши вести за тимот на Зидан кој лошо ја отвори сезоната и уште сега заостанува седум бода зад Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Винисиус со само два натпревари ја прекина доминацијата на фудбалерите на Барселона

Бразилецот Винисиус Жуниор е прогласен за играч на месецот во ноември во шпанската Ла Лига…